Приведен Дејан Манасков

Од:

По завршувањето на ракометниот натпревар во Охрид дојде до сериозни инциденти, при што бил приведен ракометарот на Пелистер, Дејан Манасков.

Според информациите од СВР Охрид, на 14 декември 2025 година околу 20:20 часот бил приведен Д.М. (33) од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. По завршувањето на натпреварот што се одиграл во спортската сала „Биљанини Извори“, при меѓусебното поздравување на играчите, Манасков физички го нападнал К.А., помошник-тренер на охридскиот ракометен клуб.

„По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Дополнително, според неофицијални информации, играчи на Пелистер по натпреварот ја демолирале соблекувалната во спортската сала, а „Чкембари“, учествувале во физички пресметки со охриѓани во центарот на градот.

Полицијата работи на целосно расчистување на сите настани поврзани со инцидентите по натпреварот.

Би можело да ве интересира

Манасков не се враќа во репрезентацијата: Моите односи со селекторот Кирил Лазаров се нарушени

А1он