Пресврт: Дани Алвеш ослободен од обвиненијата за силување за кои беше затворен

Од:

Каталонскиот суд го ослободи Дани Алвеш, поранешен бразилски фудбалер, од обвиненијата за сексуален напад за кој минатата година беше осуден на четири и пол години затвор.

За потсетување, Алвеш претходно беше осуден за силување на тогаш 23-годишна жена во тоалет од приватна соба во ноќен клуб во Барселона.

Пресудата беше донесена во февруари 2024 година во Апелациониот суд во Барселона, кога Алвеш, кој беше во притвор повеќе од една година, беше осуден на четири и пол години затвор, пет години условна и деветгодишна забрана за приближување до жртвата. На поранешниот фудбалер му е наложено и отштета од 150.000 евра на сопругата.

Меѓутоа, жалбениот совет на каталонскиот суд, составен од три жени и еден маж, сега донесе спротивна одлука. Според мислењето на овој совет, сведочењето на жртвата не било „доволно силно за да се одржи осудата на обвинетиот“, и пресудило во корист на правото на пресумпција на невиност. Оваа одлука привлече големо внимание, па шпанските медиуми, како што е Кадена СЕР, објавија дека судот одлучил дека „правото на презумпција на невиност“ во овој случај е поважно од наводите за сексуално насилство.

Ослободителната пресуда доаѓа по долгиот правен процес кој го потресе не само спортскиот свет, туку и пошироката јавност.

Би можело да ве интересира

Жалбата e одбиена, Дани Алвеш останува на слобода

(ВИДЕО) Дани Алвеш излезе од затвор – слободата чини 1.000.000 евра

Дани Алвеш е слободен ако плати милион евра

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

Заработува и во затвор: Алвеш разви феноменален бизнис зад решетки

Дани Алвеш почнал штрајк со глад во затворот во Барселона