Со одигрувањето на четвртфиналните натпревари на Светското првенство во ватерполо во Барселона познати се четирите репрезентации што ќе решаваат за поделбата на медалите. Тоа се: Унгарија, Хрватска (олимписки шампион), Црна Гора и Италија (светски првак).
Во четвртфиналето синоќа Италија го победи домаќинот Шпанија со 4:3, Црна Гора беше поуспешна од Србија со 9:8, Хрватска по продолжение ја совлада Австралија 7:6, а единствено Унгарија беше убедлива против Грција со 9:3. Поразените селекции ќе разигруваат за пласман од 5-8.место.
Во полуфиналето во четврток ќе играт: Унгарија – Хрватска и Црна Гора – Италија.