Во Бундеслигата попладнево се одиграа пет средби, на три од нив бодовите ги освоија домашните екипи, Волфсбург славеше на гостински терен, а единственото реми беше во Хамбург.
Постигнати резултати:
Борусија Дортмунд – Мајнц 2:1,
Келн – Дармштад 2:0,
Хамбургер – Инглштад 1:1,
Аугсбург – Волфсбург 0:2,
Ајнтрахт Франкфурт – Шалке 2:0.
Вчера на отворањето на сезоната Баерн Минхен го победи Вердер со 6:0.
Од 18:30 часот играат Борусија Менхенгладбах и Баер Леверкузен.
Првото коло од најквалитетното фудбалско првенство во Германија ќе биде заокружено утре со дуелите:
Херта – Фрајбург и
Хофенхајм – Лајпциг