На Европското првенство во кошарка за жени денеска ќе се одиграат полуфиналните натпревари. Завршницата на шампионатот се одржува во Будимпешта. Во првото полуфинале од 18 часот ќе играат Србија и Белорусија, додека во вториот дуел за „влез“ во финалето ќе играат Шпанија – Франција (почеток 20:30 часот).
Овие две селекции синоќа во четвртфиналните дуели постигнаа победи. Шпанија ја совлада Црна Гора со 75:74, додека Франција беше поуспешна од Русија со 77:74.
Во натпреварот за пласман од 5-8.место одигран вчера Турција – Литванија 66:57, додека денеска играат Црна Гора и Русија.