Почина Франц Бекенбауер, еден од најголемите фудбалери во историјата

Од:

На 78-годишна возраст денеска почина најголемиот играч во историјата на Германија, Франц Бекенбауер.

Бекенбауер, кој со Германија го освои Светското првенство како играч во 1974 година, а потоа и како селектор во 1990 година, во последно време не се појавува во јавноста.

Последен пат беше виден во јануари годинава, а откако во јули не се појави на прославата на 33 години од освоената титула светски првак, почнаа да се шират гласини дека е тешко болен.

Смртта на неговиот син Стефан во 2015 година и гласините за корупција на Светското првенство во 2006 година го зедоа данокот. Оттогаш и неговото здравје се влоши. Имаше инфаркт на очите, операција на срцето, како и Алцхајмерова болест со поврзана деменција.

Бекенбауер е синоним за Баерн, за 13 години одигра преку 400 натпревари и освои практично се што можеше да се освои.

Да потсетиме, како активен фудбалер го освои Светското првенство во 1974 година, а потоа и тренер во 1990 година. Со Баерн четири пати ја освојуваше Бундес лигата, три пати Лигата на шампионите, а во 1972 и 1976 година беше избран за најдобар играч во Европа и добитник на Златната топка.

Во 1977 година се пресели во Космос од Њујорк, а во 1980 година се враќа во Германија во ХСВ, со која го освои домашното првенство во 1982 година. Од 1984 до 1990 година беше тренер, а од 1994 до 2009 година Бекенбауер беше претседател на Баерн.

Поради неговиот елегантен стил и управување со играта, и доминацијата на теренот, тој важеше за најдобриот германски фудбалер на сите времиња, како и еден од најголемите фудбалери во историјата.

Би можело да ве интересира

Лоши вести од Германија: Франц Бекенбауер е во многу лоша здравствена состојба

А1он