Почина човекот кој ги откри Кристијано Роналдо, Нани и Фиго

Од:

Поранешниот скаут на Спортинг од Лисабон, Аурелио Переира, почина на 77-годишна возраст, објавија светските медиуми.

Во 1988 година, Переира го основа Одделот за регрутирање и тренинзи во спортот и преку тој процес успеа открие фудбалери како Луис Фиго, Кристијано Роналдо, Нани и други.

Тој беше скаут на Спортинг три децении, а во португалската репрезентација која го освои првото место на Европското првенство во Франција во 2016 година имаше дури 10 фудбалери кои минаа „низ рацете на Переира“.

Заедно со Роналдо, Фиго и Нани, Переира работеше и со Рикардо Кварежма.

Кристијано Роналдо се прости и од својот „фудбалски татко“ преку Твитер:

„Не остави еден од најголемите симболи на светскиот фудбал, но неговото наследство ќе живее засекогаш. Засекогаш ќе бидам благодарен за сè што направи за мене и за многу други играчи. Збогум, господине Аурелио, ви благодарам за се. Почивај во мир“, напиша Роналдо кој никогаш нема да го заборави својот почеток на кариерата.

Би можело да ве интересира

Роналдо е повреден – ќе биде ли фит до почетокот на Мундијалот?

А1он

Кристијано Роналдо купи клуб во Шпанија

А1он

(ВИДЕО) Роналдо го заврши штрајкот, се врати на терен и го постигна 962. гол во кариерата

А1он

Фудбалерот на саудискиот Ал Наср, Кристијано Роналдо, продолжува со штрајкот втор натпревар по ред

Кристијано Роналдо си оди од Ал Наср?

А1он

(ВИДЕО) Роналдо стигна до 959 гола во кариерата, но неговиот тим го загуби најголемото саудиско дерби

А1он