Пиво на стадион за време на фудбалскиот Мундијал ќе чини 18, а шише вода речиси 9 долари

Од:

Светското првенство 2026 година сè уште не започна, a превисоките цени на билетите и астрономските цени на пијалаците предизвикуваат растечко незадоволство кај навивачите, објавi списанието „Опен“.

Фудбалот отсекогаш се смета за спорт за луѓето, но таа идеја се чини дека е изгубена некаде помеѓу луксузните канцеларии на ФИФА и млаката лименка пиво што се продава на стадион во Флорида за 18 долари.

Контроверзноста околу цените се зголемува дури и пред да почне да се движи топката, а навивачите кои поминаа месеци планирајќи го патувањето сега се соочуваат со финансиска реалност што е тешко да се прифати.

Вистински показател за тоа што ги чека навивачите дојде за време на пријателскиот натпревар на Англија против Нов Зеланд на стадионот „Рејмонд Џејмс“ во Флорида.

По натпреварот, во кој Англија победи со 1-0 со голот на Хари Кејн, многумина сакаа освежување, но беа пречекани со ценовен шок.

Големо пиво во лименка се продаваше за 16,75 долари (14,47 евра), додека премиум пивото чинеше дури 18 долари (15,55 евра), пишува британски „The Sun“.

Ни оние кои не пијат алкохол не поминаа подобро – шише вода чинеше неверојатни 8,75 долари (7,56 евра).

Кога новинарот Мајк Киган сподели фотографија од ценовникот на социјалните мрежи, реакциите беа бурни, а сè повеќе се зборува дека турнирот стана ексклузивно средство за изнудување пари.

За милиони фанови кои ќе го следат првенството од удобноста на своите домови или локални кафулиња, СП 2026 ќе остане спектакл што треба да се ужива од безбедна дистанца – и географски и финансиски.

Би можело да ве интересира

Започнува лудилото на СП2026 – мега дерби, два апсолутни фаворити и дуели каде сè ќе експлодира

А1он

Меси сруши уште неколку рекорди на Светското првенство

А1он

Сменeти се дури осум селектори, а Мундијалот 2026 не е ни до осминафинале

А1он

Селекторот на Јужна Кореја ја напушти земјата поради смртни закани

А1он

„Џентлменски“ договор на Нагелсман со Германскиот фудбалски сојуз – ќе наплати 7 милиони евра за заминувањето

А1он

(ВИДЕО) Шок: Сензорот и влакната од косата на Матановиќ ја испратија Хрватска дома