Пипо Инзаги испиша историја во Пиза

Од:

Филипо (Пипо) Инзаги имаше многу подобра играчка кариера од неговиот брат Симоне, но се се промени во тренерската работа.

И додека Симоне се истакнува на клупата на Интер, претходно како главен тренер на Лацио, неговиот некогаш многу попопуларен брат не се прослави баш како тренер.

Популарниот „Пипо“ се обиде во Милано, Венеција, Болоња, Беневенто, Салернитана, и некои други тимови во Серија Б, но дури вчера го постигна првиот вистински голем успех во својата тренерска кариера, можеме да се каже историски.

Имено, Инзаги по долги 34 години успеа да ја внесе Пиза во Серија А.

На две кола пред крајот на Серија Б, Пиза е втора на табелата со девет бода повеќе од третопласираната Специја и заедно со неприкосновениот лидер Сасуоло се враќаат во италијанската елита.