Женската ватерполо репрезентација на САД го освои златниот медал на Светското првенство во Будимпешта откако синоќа во финалето ја победи Шпанија со 13:6 (2-1, 3-2, 5-2, 3-1). Својата доминација Американките ја остварија во второто полувреме од финалето, кое го добија со 8:3. Ова за американската селекција е вкупно петти златен медал на Светските првенства.
Во дуелот за третото место селекцијата на Русија ја победи Канада со 11:9 (3-3, 4-2, 2-2, 2-2).
Признанието МВП на шампионатот и припадна на Американката Медлине Маселман, а најдобар стрелец е Роберта Бјанкони од Италија со 20 голови.
Вечерва од 20:30 часот е машкото финале меѓу Хрватска и Унгарија, а од 15 часот е дуелот за третото место меѓу Србија и Грција.