Пешиќ си замина од селекторската функција на Србија

Од:

Светислав Пешиќ потврди дека повеќе нема да ја извршува селекторската функција на Србија.

Популарниот Кари во интервју за „Политика“ ја потврди својата одлука за која вели дека ја донел уште пред да замине во Париз, каде што го освоил единствениот медал што му недостасувал – олимпискиот медал.

„Секогаш ќе ѝ бидам на располагање на српската кошарка, но ќе се свртам кон некои други цели и проекти за кои немав време бидејќи бев на услуга на српската репрезентација 24 часа“, рече Пешиќ.

Пешиќ (75) ја презеде селекцијата на Србија во 2021 година. Со репрезентацијата на Србија освои сребрен медал на Светското првенство во Манила во 2023 година, како и бронзен медал на годинешните Олимписки игри во Париз.

Би можело да ве интересира

Светислав Пешиќ: Одигравме како против Америка, Србија и Германија го заслужија финалето