Партизан прв на меѓународниот турнир во Скопје, ДСУ Спортска академија втори

Од:

Кошаркарската селекција на ДСУ Спортска академија го освои второто место на меѓународниот турнир кој викендот се одржа во Скопје, на кој учествуваа екипите на Арис, Лукоил Академик и Партизан.

Третото место припадна на екипата на Лукоил Академик, додека Партизан, со три победи, го освои првото место.

За најдобар играч на турнирот беше прогласен играчот на Партизан Алекса Поповиќ, додека најдобар стрелец беше играчот на Академијата Леонид Тодоровски.

Пехарите на најдобрите ги доделија Тодор Гечевски, македонски репрезентативец и интернационалец, Златко Попоски, поранешен репрезентативец и член на Работнички, како и Јуруков Игор, претседател на Училишниот одбор на Академијата.

-Беше задоволство да се биде домаќин на овој меѓународен кошаркарски турнир, имајќи предвид дека учествуваа младинските селекции на три реномирани клубови кои се спортски институции во своите држави. Се надевам дека ваквите настани ќе бидат мотив повеќе за дополнителна работа на младите играчи кај нас. Голема благодарност за Лазар Лечиќ, Марин Докузовски и Александар Петровиќ, кои директно се ангажираа за реализација на овој турнир, а секоја чест на менторите по кошарка од Спортска академија за нивниот ангажман во делот на организацијата, како и на судиската организација на МКФ. Ја истакнувам и логистиката од страна на нашиот колега од Спортската гимназија – Љупчо Станковски, кој несебично придонесе во успешната реализација на овој турнир, изјави Дејан Јовановски, директор на ДСУ Спортска академија.

Спортска академија додели благодарници за несебичната поддршка на компаниите Триглав, Цеботекс и Пелистерка, за нивниот придонес во организацијата и реализацијата на овој турнир.

Би можело да ве интересира

Арис, Партизан и Лукоил гости на Спортска академија

Ана Ололовска

Спортска Академија домаќин на три меѓународни натпревари

Ана Ололовска