Во Маврово изутрината започна меѓународниот натпревар во параглајдерство што се одржува по шести пат. Годинава, учесниците ќе се натпреваруваат во дисциплината прецизно слетување.
На првиот ден од натпреварите, пријавени се триестина параглајдеристи од Македонија, Албанија, Турција, Косово и Полска. Полетувањата се од падините на Бистра од месноста „Старо бачило“ а слетувањата на стадионот покрај Мавровското Езеро. Натпреварувачкиот дел ќе трае два дена (сабота и недела), а за најуспешните се предвидени признанија и награди.
Од организаторите на натпреварот, параглајдинг клубот „Кондор“ нагласуваат дека овој викенд конечно се созадале услови за одржување, откако на два пати беше одложуван. Покрај натпреварувачкиот дел, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во вештините на параглајдеристите и да полетаат со искусни пилоти.