Исланѓанецот Арон Палмарсон и официјално е нов член на шпанскиот гигант Барселона, официјално потврдија од клубот.
Како што стои во соопштението на веб страната на Барселона, исланскиот ракометар потпишал четиригодишен договор.
Со тоа ставен е крај на сагата на Исланѓанецот, кој по секоја цена настојуваше да го напушти унгарскиот шампион Вестпрев, кој пак за заминувањето на Палмарсон од Барселона бараше 1 милион евра.
Конку е официјалниот трансфер од каталонскиот клуб не соопштија, но затоа шпанските медиуми шпекулира дека сумата изнесува 700.000 евра.