Германскиот селектор Јулијан Нагелсман ја шокираше нацијата со прелиминарниот список на репрезентативци за претстојното Европско првенство. Германија го отвора турнирот на 14 јуни на Алијанц Арената во Минхен против Шкотска, а на турнирот нема да настапат бројни германски ѕвезди.
Нагелсман ги отпиша Матс Хумелс (35), Леон Горецка (29), Јулијан Брант (28), Карим Адејеми (22), Никлас Суле (28), Тима Вернер (28) и Серж Гнабри (28). Станува збор за ѕвезди на европските великани, а од приложената листа ќе испадне барем уште едно име.
Прелиминарниот список на Нагелсман за ЕП
Голмани: Оливер Бауман (Хофенхајм), Мануел Нојер (Баерн), Александар Нубел (Штутгарт), Марк-Андре тер Штеген (Барселона)
Одбрана: Валдемар Антон (Штутгарт), Бенџамин Хенрихс (РБ Лајпциг), Џошуа Кимих (Баерн), Робин Кох (Ајнтрахт Франкфурт), Максимилијан Мителштад (Штутгарт), Давид Раум (РБ Лајпциг), Антонио Рудигер (Реал Мадрид), Нико Шлотер (Борусија Дортмунд), Џонатан Тах (Баер)
Среден ред: Роберт Андрич (Баер), Крис Фирих (Штутгарт), Паскал Грос (Брајтон), Илкај Гундоган (Барселона), Тони Крос (Реал Мадрид), Џамал Мусиала (Баерн), Александар Павловиќ (Баерн), Лерој Сане (Баерн) , Флоријан Вирц (Баер)
Напад: Максимилијан Бејер (Хофенхајм), Никлас Фулкруг (Борусија Дортмунд), Каи Хаверц (Арсенал), Томас Мулер (Баерн), Дениз Ундав (Штутгарт)
Нагелсман го отпиша 35-годишниот Хумелс, кој игра во одлична форма кон крајот на сезоната. Стоперот на Дортмунд е и светски шампион од 2014 година со 78 настапи за Елф, но за него нема место на оваа листа. Нагелсман во своите идеи го нема ниту Леон Горецка од Баерн, играч од средниот ред кој постигна 14 гола на 57 настапи за националниот тим.