Осум натпревари во три групи од 4.коло ќе се одиграат вечерва од квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 (ЕУРО 2016).
Во Белград кај Србија гостува Данска, а овој натпревар ќе се одигра без присуство на публика поради инцидентот на дуелот Србија – Албанија.
За одбележување е и натпреварот на светскиот првак Германија со дебитантот во квалификациите Гибралтар.
Распоред на вечерашните натпревари:
Д група: Грузија – Полска, Германија – Гибралтар, Шкотска – Република Ирска.
Табела: Полска 7 бодови, Република Ирска 7, Германија 4, Шкотска 4, Грузија 3, Гибралтар 0.
Ф група: Грција – Фарски Острови, Унгарија – Финска, Романија – Северна Ирска.
Табела: Северна Ирска 9, Романија 7, Финска 4, Унгарија 4, Грција 1, Фарски Острови 0.
И група: Португалија – Ерменија, Србија – Данска. Слободна е Албанија.
Табела: Данска 4, Албанија4, Португалија 3, Србија 1, Ерменија 1.
Утре Македонија е домаќин на селекцијата на Словачка, а покрај овој натпревар ќе се играат и дуелите од другите шест групи в сабота и в недела.