Финалниот натпревар во ЕХФ Европскиот Куп помеѓу Алкалоид и АЕК нема да се одигра, откако грчките ракометари одбиваат да излезат на теренот, поради заканите од своите навивачи.
Неколку стотина навивачи од Атина допатуваа во Скопје, но не успеаja да влезат во салата поради безбедносни причини.
Тие веќе тргнаa да се враќаат назад, и според неофицијалните информации, наводно им се заканиле на ракометарите ако го играат мечот, ќе имаат последици.
„Натпреварот вечерва нема да се одигра. Противничкиот тим одби да се појави на терен поради несогласување со сопствените навивачи. За сите натамошни информации ќе бидете благовремено известени“, објави официјалниот спикер на натпреварот.
Сега се очекува соопштение од ЕХФ за понатамошните чекори. Натпревар вечерва сигурно нема да се игра.
Ракометарите на АЕК излегоа на загревање, а потоа беа повикани назад во соблекувалната.
Алкалоид има предност од 29-25 од првиот натпревар од Атина.