Во главниот унгарски град Будимпешта, вчера се одржа 19.то Европско првенство во крос-кантри на кое настапија околу 600 натпреварувачи од 35 држави поделени во шест дисциплини.
Македонија ја претставуваа тројца атлетичари: Кокан Ајановски, Александар Стојановски и Милош Ранчиќ.
По многу студено време и снежна патека победи во следниве категории постигнаа:
Младинки 4 км. – Амела Терзиќ (Србија),
Младинци 6 км. – Зумон Кулка (Полска),
Под 23 год. жени 6 км. – Џес Коулсон (Англија),
Под 23 год. мажи 8км – Хенрик Ингебринстен (Норвешка). Во оваа категорија од настапија Македонците, Милош Ранчиќ кој заврши на 93.место и Александар Стојановски кој беше 94-ти од вкупно 99 натпреварувачи.
Сениори 10 км. – Андре Лали (Италија). Во оваа категорија Кокан Ајановски го освои 84.то место од 92 натпреварувачи.