На Светското првенство во ватерполо синоќа се одиграа четвртфиналните натпревари во машка конкуренција. Од селекциите кои беа првопласирани во групите единствено Унгарија не избори полуфинале откако беше поразена од Италија.
На другите дуели фаворитите постигнаа победи. Хрватска и Србија беа убедливи против Црна Гора односно САД, додека Грција минимално ја победи Австралија.
Резултати на четвртфиналните натпревари:
Хрватска – Црна Гора 10:4,
Грција – Австралија 12:11,
Италија – Унгарија 8:7,
Србија – САД 12:7.
Според тоа во полуфиналето во четврток ќе играат: Хрватска – Грција и Италија – Србија.
Денеска се играат полуфиналните натпревари во женска конкуренција: САД – Австралија и Италија – Холандија.