Нов инцидент во македонскиот фудбал: Гостивар го напушти мечот со Работнички

Од:

Гостивар оди по “паметот” на Воска и го напушти теренот во 85.минута од дуелот против Работнички, при резултат 1-2. Реакцијата е дека незадоволни од судењето, но арбитражата на Игор Стојчевски беше без никакви сериозни замерки.

Гостивар поведе со голот на Ли Ервин во 66.минута, но девет минути подоцна доби црвен картон поради груб старт над Матеј Ангелов.

Токму Ангелов израмни, а Кристоџеј Дејли во 84.минута донесе пресврт. По ова дојде скандалозната одлука на Гостивар да го напуштат теренот.