Непријатни вести за германскиот шампион пред мечот со Вердер

Од:

Шампионот Баерн Минхен ќе биде без доста основни играчи за мечот дома против Вердер во Бундеслигата утре од 15:30 часот по македонско време. Матс Хумелс и Хамес Родригез се приклучија на Мануел Ноер и Ариен Робен во амбулантата и нема да се достапни на хрватскиот тренер Нико Ковач.

Хумелс има проблеми во бутот и тренираше индивидуално денес, а за утрешниот натпревар ќе биде зачуван, бидејќи во среда Баерн ќе игра со Вердер во полуфиналето за Купот на Германија. Тогаш казнет ќе биде од Николас Зуле. Хамес пак денес не тренираше поради проблеми со аддукторите.

Добрата вест за Баерн е дека на линија е Томас Милер, кој е вмешан во 21 гол против Вердер во последните 11 натпревари меѓу двата тима. Осум од овие голови напаѓачот ги реализирал и за 13 асистирал.

Баварците се во одлична серија од 16 победи против тимот од Бремен во сите натпреварувања.

Би можело да ве интересира

„Хет-трик“ на Обемејанг во победа на Борусија Дортмунд од 6-1

Наум Локоски