Ненадејно почина рускиот ватерполо репрезентативец Тимаков

Од:

Ватерполистот на Синтез од Казан и руски репрезентативец Владислав Тимаков почина на 23 годишна возраст.

Него вчера му се слоши додека се наоѓаше на подготовки со својот тим во Бугарија. Тимаков доби грчеви за време на тренинг во вода. Клупските лекарите веднаш му пружиле помош, но за жал репрезентативецот на Русија починал на пат кон болницата.

Од рускиот национален сојуз објавија дека Тимаков претходно немаше здравствени проблеми.

Во својата кариера настапуваше за московски Штурм-2002, а  неодамна на Светското првенство во Казан беше дел од неговата репрезентација.

Тимаков со Русија стигна до сребрениот медал на Универзијадата 2013.

Би можело да ве интересира

Италијанците ја совладаа црногорската ватерполо селекција во Париз

Хрватските ватерполисти ја победија Франција и се пласираа во финалето на Светското првенство

Италијанските ватерполисти се првите финалисти на Светското првенство во Доха

Ватерполистите на Франција ја совладаа Унгарија и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство

Хрватска ја совлада Србија со резултат 15:13 и се пласираше во полуфиналето на СП во Доха

Ватерполистите на Италија се пласираа во полуфиналето на Светското првенство