На Карло Анчелоти му се заканува затворска казна

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти следната среда ќе оди на суд поради наводно непријавување на приходите во шпанските даночни власти!

Имено, мадридското државно обвинителство го обвинува Италијанецот дека ја чинел шпанската каса повеќе од еден милион евра непријавена заработка од имиџ права во 2014 и 2015 година.

Анчелоти призна дека во 2014 година платил недоволна сума на име данок како резултат на грешка на неговите сметководители, додека во 2015 година негираше какво било кривично дело бидејќи не поминал минимум 183 дена во земјата.

Шпанското обвинителство бара затворска казна од четири години и девет месеци доколку бидат прогласени за виновни.

Судењето ќе започне во среда и се очекува да трае два дена, изјави портпаролот на судот.

Само ден по судењето, Анчелоти го има реваншот од полуфиналето на Копа дел Реј против Реал Сосиедад.

Би можело да ве интересира

Саки: Реал донесе напаѓач кој требаше да биде феномен, но тој тоа не е

А1он

На Анчелоти му пресуди елиминацијата од Арсенал, ја напушта клупата на „кралевите“?

А1он

Анчелоти: Ќе биде тешко да се одбрани титулата, но ќе се бориме

Шпанскиот суд бара четири години и девет месеци затвор за тренерот на Реал Мадрид, Анчелоти

Горан Наумовски

Анчелоти: Мбапе може да стигне до нивото на Роналдо, но летвичката е поставена многу високо

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите