Младите кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром ја освоија титулата во генерацијата родени 2005 година и помлади, односно М12. Со победа од 42:34, домаќините на завршниот турнир во оваа натпреварувачка сезона ги совладаа врсниците од Дино Баскет.
Во рамки на полуфиналните натпревари, МЗТ Скопје Аеродром го совлада Партизан Водно Санс додека Дино Баскет славеше над МВП Струмица.
Најкорисен играч на „фајнал фор“ завршниот турнир е Рубин Стефанов, играч на новиот шампион во оваа возрасна категорија.