Милутин Секулоски нуркаше рекордни 90 часа и 85 километри во Охридското езеро

Од:

Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски-Мичо го комплетира подвигот што досега не бил изведен не само во Македонија, туку и во Европа – пренуркување на едно езеро по целиот негов брег. Во рамките на овој проект, реализиран под покровителство на компанијата „Пелистерка“, Секулоски под површината на Охридското езеро мина речиси 90 часа и изнурка должина од 85 километри.

– Во период од околу три месеци изведов 88 нуркања од двете страни на езерото – и од македонската и од албанската. Поттикнат од силната желба да придонесам во деталното истражување на нашиот бисер, секој ден минував, во просек, еден час под вода без разлика дали таа беше седум или 14 целзиусови степени, колку што се движеше минимумот и максимумот во текот на целиот проект. Без разлика на временските услови, мотивот, да се открие што поголем дел од подводното богатство на езерото, ми даваше поттик и инспирација – истакнува Секуловски.

nurkanjeohridsko13 (1)

Овој инструктор со тридецениско искуство и остварени над 8.000 нуркања, во текот на проектот имаше 11 нуркања на длабочина од 30 до 50 метри, шеесет од 10 до 30 и 17 на длабочина до десет метри. Најплиткиот дел од езерото што тој го мина беше 2,4 метри додека најдлабокиот – 48,1. Секој дел од подвигот беше снимен и фотографиран со желба понатаму да се направи документарен филм и да се организира изложба.

– Целта на оваа активност, која што истовремено беше секојдневен напор, но и возбудлива авантура каква што досега не се случила во Македонија, беше да добиеме што повеќе информации за флората и фауната во езерото, на карта да ги ставиме непознатите археолошки локалитети, да пронајдеме дел од големиот број предмети што се дел од нашето културно наследство. Секако, клучно ни беше и да провериме и како стојат нештата на еколошки план, но и да фрлиме и едно поинакво светло врз Охридското езеро со цел да создадеме поинаква и поатрактивна слика на туристички план – вели Секулоски.

nurkanjeohridsko13 (3)

Освен подводни фотографии и видеоматеријал од живиот свет, меѓународниот инструктор ги регистрирал и археолошките остатоци и конфигурацијата на дното. Тој изработил целосна документација за секое нуркање и трасите ги обележал со ГПС-уред. Секулоски водел дневник со податоци за места, длабочини, температура на вода, извори и други аспекти што би можеле да бидат привлечни за научниците. Во текот на пренуркувањето, снимени се и местата што претставуваат еколошки проблем, а за истите се собрани детали според кои може да се изработи карта со точки загадени со цврст отпад, како и други слични материјали што ја нарушуваат природната рамнотежа на езерото.

Би можело да ве интересира

Спелеолози ќе ја истражуваат пештерата Ѓоновица за да стане туристичка атракција

Ана Ололовска

Нова подводна експедиција во пештерата Ѓоновица

Ана Ололовска

Руски нуркачи поставија нов рекорд во нуркање во длабочина во Арктикот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Продолжува подводното истражување на пештерата Врело

Ана Ололовска

Србин сака во Гинис со 12 минути нуркање на здив

Ана Ололовска

ФОТО: Нуркачите од Врело го чистеа Дојранското езеро

Ана Ололовска