Пари Сен Жермен го казни Лионел Меси со двонеделна суспензија поради патувањето во Саудиска Арабија без одобрение од клубот, а Аргентинецот прво јавно се извини, ја прифати казната, а потоа откри дека преговарал за својата иднина во Саудиска Арабија.
Како што Ал Наср го донесе Кристијано Роналдо, така и Ал Хилал реши да го донесе Меси и сега договорија се околу неговото доаѓање на Истокот. Сепак, има еден услов за тоа да се случи, а тој не е безначаен.
Меси е подготвен да заврши со Европа и да замине во Ал Хилал само во случај да пропаднат преговорите за негово враќање во Барселона! Аргентинецот не сакаше ниту да го напушти клубот во кој ја мина целата своја сениорска кариера, но многу лошите потези на клупското раководство го доведоа тимот на работ на банкрот и мораше да си замине. По речиси две години поминати во Париз, очигледно му е доста од нефункционалноста во тој клуб и реши да го напушти Париз.
Дали следната дестинација ќе биде Барселона или Ал Хилал се чини дека зависи само од Каталонците. Досега договорија голем број трансфери, но прашање е дали ќе можат да ги финансираат и дали нивните финансиски книги ќе можат да ги поминат инспекциите на Примера и УЕФА со оглед на огромните инвестиции во последната година.