Меси: Отсекогаш му се восхитував на Зидан, иако тој е од Реал Мадрид

Од:

За многумина Зинедин Зидан е еден од најдобрите и најелегантните фудбалери во историјата на фудбалот, а тоа мислење го дели и Лионел Меси.

Легендарниот Французин ја освои Златната топка во 1998 година, а со тимовите за кои настапуваше освои речиси се. Со француската репрезентација беше светски и европски шампион, а со Реал Мадрид освои три титули во ЛШ.

Лео Меси, за некои број еден во историјата на фудбалот, откри дека и тој му се восхитува на легендарниот Зизу.

Аргентинецот имаше можност да игра против него на почетокот на својата играчка кариера, а ривали беа и подоцна во времето на Зидан на клупата на Реал.

Меси за него рече:

„За мене Зидан е еден од најдобрите играчи во историјата, секогаш му се восхитував. Го следев многу во Реал Мадрид и страдав затоа што беше од Мадрид! Секогаш беше вистински играч. Различен, елегантен, висок, магичен, имаше се!“ – изјави Меси.

Би можело да ве интересира

Бекам без двоумење: Меси е најдобриот играч на сите времиња

А1он

(ВИДЕО) Меси имаше две асистенции – Интер и Њујорк ги поделија бодовите

А1он

Меси не сака да игра на -15 степени, Аргентинецот одби да игра во ЛШ во поларни услови

А1он

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

(ВИДЕО) Цариникот не го препозна Меси на пасошка контрола, неговата реакција е хит на социјалните мрежи

А1он

Бекам: Нема играч кој ја сака Барселона како Меси

А1он