Менди го тужи Манчестер Сити, си ги бара неисплатените плати

Од:

Францускиот фудбалер Бенџамин Менди поднесе барање за „тешко“ милиони фунти против Манчестер Сити поради неисплатени плати, објави денеска „Скај Спортс“.

Поранешниот играч на Сити поднесе тужба до Трибуналот за вработување, барајќи „неовластено одбивање на платите“ откако беше обвинет за силување и сексуален напад во 2021 година.

Менди беше прогласен за невин од страна на поротата на повторното судење во судот Честер Краун во јули.

Претходно оваа година Менди беше прогласен за невин за сексуални престапи врз голем број жени, но поротата не донесе пресуди за две обвиненија, што предизвика повторно судење.

Менди побара да му бидат исплатени платите што му се должат до крајот на неговиот договор, кој истече во 2023 година.

„Манчестер Сити не му ја исплатува платата на Менди од септември 2021 година, откако Менди беше обвинет по различни точки од кои подоцна беше ослободен, до крајот на неговиот договор во 2023 година. Барањето ќе биде поднесено до Трибуналот за вработување“, изјавија претставниците на Менди.

Во 2017 година, Менди пристигна во Сити од Монако за 52 милиони фунти.