Меѓународен турнир во стрелаштво во Скопје

Од:

На спортското стрелиште „Камник“ во Скопје денеска и утре ќе се одржи 11. меѓународен отворен турнир во стрелаштво „Гран При Скопје 2017“.

На меѓународниот турнир ќе учествуваат натпреварувачи од САД, Словенија, Русија, Германија, Швајцарија, Турција, Србија, Црна Гора и Македонија. Тие ќе се натпреваруваат во шест различни дисциплини со огнено оружје на далечини од 25, 100 и 300 метри.

Организатор на турнирот е Македонската спортска стрелачка федерација.

Би можело да ве интересира

Воено-дипломатскиот турнир во стрелаштво „Скопје 2017“

Ана Ололовска