Мечевска оперирана, се наоѓа во стабилна состојба

Од:

Македонската ракометна репрезентативка Робертина Мечевска која се здоби со тешки  тешки повреди по пад од петтиот спрат од својот стан, синоќа беше оперирана во Ургентниот центар, при што и беше извадена слезината.

Според лекарски извори, ракометарката на ЖРК Вардар по операцијата се наоѓала во стабилна состојба.

– Операцијата заврши, незината состојба е стабилна. Млада е и се надеваме дека се ќе се заврши добро. По ова пациентката ќе биде однесена на одделот за интензивно лекување, изјавија од хируршките клиники.

Од клубот соопштија дека состојбата на Мечевска е сериозна, но изразија уверување дека македонската репрезентативка ќе го надмине овој тежок период и повторно ќе биде дел оа Вардар.

– Луѓето од клубот веднаш по дознавањето на веста беа во болница, и се во тек се што се случува. Робертина е борец, голем човек и спортист, и веруваме дека повторно ќе биде со нас на теренот, соопштија од ЖРК Вардар.

Би можело да ве интересира

Две дами ќе го предводат ЖРК Вардар

Ана Ололовска

Утре ЖРК Спартак во Кисела Вода ќе ги одмери силите со ЖРК Вардар

Ана Ололовска

Дибирова: Горда сум на ракометарките, немавме среќа

Ана Ололовска

Уште еден „цепелин“ на Лакрабер и Лекиќ во ТОП 5 голови во ЛШ

Ана Ололовска

Познати сите учесниците на „фајнал-фор“ турнирот во Будимпешта

Ана Ололовска

Четири вардарки во конкуренција за „Ол стар“ тимот на ЛШ

Ана Ололовска