Обвинителството во Шведска ја затвори истрагата за случајот за наводно силување, што шведските медиуми го поврзуваа со фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе.
Истрагата за наводниот напад во октомври во Стокхолм е затворена поради недостиг на докази, изјави високата обвинителка Марина Чиракова.
Шведското обвинителство во ниту еден момент официјално не го именуваше Мбапе ниту го извести дека е под сомнение за кривично дело.
Кога наводите се појавија во медиумите, адвокатот на Мбапе рече дека нејзиниот клиент се подготвува да го расчисти своето име со тужба за клевета. Капитенот на француската репрезентација изјави дека овие медиумски наводи се „лажни вести“.
Чиракова, која ја водеше прелиминарната истрага, рече дека доказите не се доволни за продолжување на истрагата, која поради тоа е затворена.
Наводното силување и два инциденти на сексуално вознемирување се случиле во хотел во Стокхолм на 10 октомври. Неколку шведски медиуми го именуваа Мбапе како осомничен.
Тој во тоа време беше во посета на Стокхолм.
Полицијата била видена во хотелот во кој престојувал Мбапе, а полицајците го напуштиле хотелот со торбите. Еден извештај вели дека тие зеле облека од хотелот како доказ.
Во неделата, Мбапе за прв пат зборуваше за случајот во програма на француската телевизија и рече дека „не е вклучен“.
– Ништо не добив, ниту покана… Не сум вклучен, изјави Мбапе.
Оваа недела играјќи за Реал Мадрид против Аталанта го постигна својот 50-ти гол во Лигата на шампионите.