Манчестер Јунајтед го отпушти Аморим по слабите резултати

Од:

Португалскиот тренер Рубен Аморим е отпуштен од Манчестер Јунајтед, по несогласувањата со челниците на клубот и серијата слаби резултати.

Одлуката е донесена денеска на состанок свикан од Џек Вилкокс и Омар Берада, на кој се разгледувала работата на Аморим и неговото однесување на прес-конференцијата по вчерашното реми со Лидс (1:1) во Премиер лигата.

Аморим во својата изјава истакна дека во Јунајтед е ангажиран како менаџер, а не само како тренер, и дека не е единствено виновен за лошите резултати на клубот од „Олд Трафорд“.

За привремено решение на клупата е назначен легендата на клубот, Дарен Флечер, додека се бара трајна замена за Португалецот.

Би можело да ве интересира

Нико Ковач – кандидат за менаџер на Манчестер Јунајтед

А1он

(ВИДЕО) Манчестер е „црвен“ – Јунајтед го победи Сити во дебито на Карик на клупата

А1он

Манчестер Јунајтед го објави името на новиот менаџер

А1он

Манчестер Јунајтед се враќа 111 години наназад

А1он

Нејмар се сели во Премиерлигата – станува „ѓавол“?

А1он

Аморим: Секогаш исто – кога победуваме не е до составот, а кога губиме – вината е на составот

А1он