Македонските ракометари загубија од Холанѓаните во Вараждин, 32:37

Од:

Македонските ракометари загубија од Холандија со 32:37 во второто коло на Светско првенство во ракомет.

Пулените на Кирил Лазаров не успеаја да парираат до крај на брзата игра која ја форсираа „лалињата“, но не можеа ниту да се адаптираат на чудниот критериум на данските арбитри.

Да не се заборави дека македонските ракометари имаа дури 14 загубени топки, па првиот пораз на Мундијалот беше неизбежен.

Холанѓаните триумфираа иако нивните голмани имаа само четири интервенции, но ракометарите во портокалово на овој меч изведоа дури 13 седмерци.

Кај Македонија имаше дури седум санкции од по 2 минути, а црвени картони добија Павле Атанасијевиќ и Милан Лазаревски.

Најефикасен во нашиот национален тим беше Кузмановски со девет гола, а Серафимов постигна шест.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Галевски и фати пенал на Франција, ИХФ го стави во одбрано друштво

А1он

Митев: Со Катар одевме на се или ништо, ќе пробаме да ја изненадиме Франција

А1он

Лазаров по триумфот над Катар на СП2025: Верувам во оваа репрезентација

А1он

Митев: По овој бод со Австрија, одиме на победа со Катар

А1он

Македонија во последната секунда дојде до бод против Австрија на СП 2025

А1он

Македонските ракометари против Австрија ја отвораат Главната фаза на СП