Нашата најдобра кошаркарска репрезентација ја оствари и третата победа на „Тофејот Македонија“, а со тоа го освоија и првото место на овој традиционален меѓународен турнир што се одржува во Скопје.
Во претпоследниот натпревар на турнирот што се игра во СЦ „Борис Трајковски“ македонските кошаркари ја совладаа селекција на Босна и Херцеговина со 71:67 по четвртини резултатот гласеше 18-19, 22-16, 15-16 и 16-16.
Со по 12 постигнати поени најефикасни во нашата селекција беа ветеренот Диме Тасовски и Стојан Ѓуровски додека Александар Костовски средбата ја заврши со 10 поени.
Во последниот меч на годинашното издание на „Трофеј Македонија“ ќе играат Португалија и Холандија (од 20.30 часот), а победникот ќе го освои третото место.