Македонија против Велика Британија на младинското ЕП за кошаркари

Од:

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години со натпревар против Велика Британија вечерва од 19 часот и 30 минути ги започнува настапите на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во бугарскиот град Албена.

Млдите македонски кошаркарки предводени од селекторот Александар Домлевски од понеделникот се во Бугарија, каде веќе ги одработија тренизните и последните подготовки пред овој шампионат.

Вкупно девет репрезентации ќе се борат за првите три места на табелата кои ќе обезбедат пласман во А-дивизијата.

Со денешниот противник Македонија последен пат играла во 2010 година на првенството во Кавадарци. Тогаш Велика Британија победи со минимални 70:69.

Пред натпреварот помеѓу Македонија и Велика Британија кој ќе се игра во вечерниот термин, на денот на отворањето ќе играат уште и Чешка – Летонија, Португалија – Израел и Бугарија – Белгија.

Според распоредот, Македонија ќе игра уште две средби во наредните два дена и тоа против Израел утре и Романија в сабота. Недела е слободен ден, а во текот на наредната седмица ќе се доиграат останатите пет натпревари.

За Европското првенство, селекторот Александар Домлевски на располагање ги има следниве кошаркарки: Ива Крстевска, Арин Агиќ, Лефтерија Темелкова, Александра Стојановска, Анжелика Митрашиновиќ, Нена Трајчевска, Софија Лазареска, Драгана Јоловиќ, Александра Иванова, Маја Павловска, Ангела Давиткова и Ивона Пејковска.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска