Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години денеска со почеток во 12 часот и 45 минути, во рамките на претпоследното коло од Европкото првенство Б дивизија, игра против Летонија.
Противникот се наоѓа пред нашата репрезентација со скор 4 победи и 2 пораза. Македонските кошаркарки по вчерашниот пораз од лидерот Чешка (49:65) се наоѓаат на 6.место со по три победи и порази.
Покрај дуелот Македонија – Летонија денеска играат уште: Романија – Велика Британија, Португалија – Белгија и Бугарија – Чешка.
Слободна е селекцијата на Израел.
Табела: 1. Белгија 6-0 (победи-порази), 2. Чешка 6-1, 3. Летонија 4-2, 4. Португалија 4-2, 5. Бугарија 3-3, 6. Македонија 3-3, 7. Израел 2-5, 8. Романија 0-6, 9. Велика Британија 0-6.