Женската кошаркарска репрезентација на Македонија составена од играчи до 20 години која настапува на Европското првенство – Б дивизија денеска од 17 часот и 15 минути ќе игра против домашната селекција на Бугарија.
Нашите кошаркарки во досегашниот тек на првенството имаат по две победи и два пораза, додека Бугарките имаат три победи и две изгубени средби.
Со евентуална победа Македонија ќе остане со шанси за освојување на едно од првите три места кои водат ранг повисоко, во спротивно шансите ќе бидат сведени на теорија.
На другите три натпревари од денешната програма се среќаваат: Португалија – Чешка, Израел – Белгија и Романија – Летонија.
Табела:
1. Белгија 4-0 (победи-порази),
2. Португалија 4-0,
3. Чешка 4-1,
4. Бугарија 3-2,
5. Летонија 2-2,
6. Македонија 2-2,
7. Израел 1-4,
8. Романија 0-4
9. Велика Британија 0-5.