Македонија испушти победа против Португалија

Од:

Младата женска македонска кошаркарска репрезентација го забележа вториот пораз на У-20 Европското првенство – Б дивизија што се одржува во бугарскиот град Албена, откако попладнево загубија од Португалија речиси добиен натпревар.

Македонија одигра одлични три четвртини по кои водеше со 42:35, за во последните 10 минути да постигне 11, а прими 20 поени и со вкупни 55:53 го загуби дуелот против фаворизираниот противник.

Македонските кошаркари со овој пораз значително си ги намалија шансите за освојување на едно од првите три места кои обезбедуваат пласман во натпреварување од повисок ранг. Тие по четири одиграни натпревари има две победи и два пораза.

Денеска уште играат: Велика Британија – Летонија, Романија – Бугарија и Израел – Чешка.

Табела: Португалија 3-0 (победи-порази), Белгија 3-0, Чешка 2-1, Бугарија 2-1, Македонија 2-2, Израел 1-2, Велика Британија 0-3, Летонија 0-2 и Романија 0-2.

Следниот дуел Македонија ќе го има в среда против домаќинот на првенството, селекцијата на Бугарија.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска