Српскиот фудбалер Лука Јовиќ повеќе не е член на Милан, објави денес италијанскиот клуб.
Јовиќ (27) играше за Милан во последните две години, а откако не го продолжи договорот сега е слободен агент.
„Ти благодарам, Лука. Ти посакуваме се најдобро во остатокот од твојата кариера“, објави Милан на својот X профил.