Шпанскиот фудбалски тренер, Луис Енрике размислува да го напушти Пари Сен Жермен на крајот од тековната сезона, и покрај тоа што постигна историски успех со клубот. Според германскиот „Билд“, Енрике не планира да го продолжи договорот, кој истекува во јуни, бидејќи бара нови предизвици во кариерата, пишува „Марка“.
Главната причина за неговото евентуално заминување лежи во желбата за нов професионален пробив. Бидејќи би станува слободен тренер на крајот на јуни, Енрике би можело да стане исклучително привлечен кандидат за водечките светски репрезентации кои ќе бараат тренер за новиот циклус по Светското првенство.
Друга можна причина е малиот пад на формата на ПСЖ оваа сезона. Иако резултатите не се лоши, тие не се на нивото на доминација од минатата сезона.
Парижаните моментно се втори во француското првенство, еден бод зад Ленс, додека се на третото место во Лигата на шампионите, зад Арсенал и Баерн Минхен.
Престојот на Енрике во француската престолнина беше исклучително успешен. Во својата прва сезона, тој го освои домашното првенство, купот и суперкупот, но круната на неговата работа дојде во сезоната 2024/2025, кога му ја донесе на ПСЖ првата, историска и долгоочекувана титула во Лигата на шампионите. Со тој успех, тој стана еден од најпопуларните тренери во историјата на клубот.
За време на неговиот мандат тој освои: Лига 1 (2023/24, 2024/25), Куп на Франција (2023/24, 2024/25), Суперкуп на Франција (2023/24, 2024/25), Лига на шампиони на УЕФА (2024/25), Суперкуп на УЕФА (2025/26) и Интерконтинентален куп (2025/26), а беше прогласен и за најдобар тренер во светот за сезоната 2024/25.
Доколку заминувањето на Луис Енрике биде потврдено во летото 2026 година, тоа ќе претставува огромна загуба за парискиот клуб.
