Ватерполистите на Локомотив Софија се победници на турнирот што по повод 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје, се играше во ВИП Арената „Борис Трајковски“.
На четвртиот по ред Меѓународен турнир во организација на ватерполо клубот Бета – Скопје и ВИП Арената „Борис Трајковски“, покрај организаторот и победникот настапија уште и екипите на Црноморец од Бугарија и Лесковац од Србија.
Второто место им припадна на ватерполостите на Бета, третото место го освои Црноморец од Бугарија, а четврти беа ватерполистите на Лесковац од Србија.