Љубимецот на навивачите на Динамо Загреб си оди од клубот

Од:

По 22 трофеи што ги освои на „Максимир“ поранешниот македонски фудбалски репрезентативец – Аријан Адеми одлучи да го напушти Динамо Загреб.

Играчот од средниот ред одигра 420 натпревари за Динамо, што го прави рекордер на клубот.

Новата станица ќе биде тимот на Ујпешт, кој брзо реагираше кога виде дека Адеми нема да ја продолжи кариерата на „Максимир“.

Македонскиот фудбалер не се согласи да има помала улога во новата сезона, отколку што беше претходно, што значи да не биде во првите 11, поради што имаше дојде до несогласување помеѓу фудбалерот и клубот.

Досега многу играчи го напуштија Динамо – Мартин Батурина, Петар Сучиќ, Максим Бернауер, Бруно Петковиќ, Марко Пјаца, Бартол Фрањиќ, Садег Мохарами и Марко Рог, нема да го носат дресот на загрепскиот клуб во следната година. Има големи шанси следната сезона на „Максимир“ да го нема и поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски.

Од друга страна, веќе пристигнаа нови засилувања во форма на Гонзало Виљар, Габријело Видовиќ, Дејан Љубичиќ, додека за тренер е доведен Маријо Ковачевиќ.