ЖРК Вардар иако играше безнеколку стандардни ракометарки, немаше проблеми да ги освои бодовите на дуелот со Пелистер во домашната женска лига. Црвено-црните вчеравечер триумфира со 46:13 (25:7).
Најефикасна беше Алехандра Лакрабер со 11 погодоци.
Тренерот на Вардар Ирина Дибирова реши да ги одмора најдобрите, Пенезиќ, Лекиќ, Цвијиќ, Лејно, Радичевиќ и Лазовиќ, но, и оние што играа покажаа одлична форма.
На табелата лидер е Вардар со 12 бодови, пред Вардар Јуниор со 10, Металург, Пелистер и Куманови имаат по 9, Гевгелија 4, Овче Поле 3, Деспина 0.