Лекиќ останува во ЖРК Вардар уште една сезона

Од:

Андреа Лекиќ и следната сезона ќе биде дел од тимот на Вардар, соопштија од таборот на македонскиот шампион. Српската интернационалка и клубот ги договорија условите за продолжување на соработката според кој најмалку до јуни 2017 година Лекиќ ќе биде дел од екипата на „црвено-црните”.

Со нејзиното останување во Вардар се заокружува задржувањето на костурот на тимот кој и во следната сезона ќе биде уште посилен.

Вардар верува во квалитетот на ракометарките кои сега ги бранат боите на тимот и со кои ја продолжи соработката. Лекиќ е една од предводничките на Вардар кој последниве години е во самиот европски врв.

– Со задоволство можеме да потврдиме дека и Андреа Лекиќ останува наша ракометарка в година, со што продолжи трендот на задржување на клучните и квалитетни ракометарки во тимот. Таа е важен дел од алката во нападот на Вардар и среќни сме што двете страни го потврдија задоволството од досегашната соработка. Верувам дека и Лекиќ е гладна за нови успеси, исто како што е и Вардар, и посакувам во иднина соработка да биде уште подобра и поуспешна. Убедени сме дека ќе заедно ќе имаме нови резултати на кои ќе се радуваме, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Лекиќ беше меѓу првите интернационалки кои дојдоа во Вардар и како дел од македонскиот тим веќе двапати играше на Ф4 турнирот во Будимпешта, каде го освои бронзениот медал.

Би можело да ве интересира

Две дами ќе го предводат ЖРК Вардар

Ана Ололовска

Утре ЖРК Спартак во Кисела Вода ќе ги одмери силите со ЖРК Вардар

Ана Ололовска

Дибирова: Горда сум на ракометарките, немавме среќа

Ана Ололовска

Уште еден „цепелин“ на Лакрабер и Лекиќ во ТОП 5 голови во ЛШ

Ана Ололовска

Познати сите учесниците на „фајнал-фор“ турнирот во Будимпешта

Ана Ололовска

Четири вардарки во конкуренција за „Ол стар“ тимот на ЛШ

Ана Ололовска