Легендата на ракометот, Веселин Вуковиќ претепан од неговиот син

Од:

Веселин Вуковиќ (65), ракометната легенда и поранешен селектор на српската репрезентација, бил претепан од неговиот 35 годишен син П.В.

Нападот се случил пред Специјалната болница за болести на зависност во улицата Драјзерова, Белград.

Легендарниот Вуковиќ во таа прилика одбил и лекарска помош.

Се наведува и дека на П.В. му е пишана писмена кривична пријава за семејно насилство.

Познатиот ракометар освои златен медал и на Олимписките игри во 1984 година, како и на Светското првенство две години подоцна.

Како селектор на српската репрезентација успеа да дојде до сребрен медал на Европското првенство во 2012 година кое се одржа во Белград.

Како играч освои и две европски шампионски титули, во 1985 и 1986 година со Металопластика од Шабац.