Легендата на Црвена Звезда – Милош Шестиќ доби ново срце

Од:

Милош Шестиќ, легендарниот фудбалер на Црвена Звезда, успешно е опериран во Заводот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“ во Србија, каде му е пресадено срце.

– Милош Шестиќ е во стабилна состојба, свесен и подвижен. Неговата сопруга е секогаш покрај него. Веруваме дека неговото закрепнување ќе оди без проблеми секој ден – изјави за српски „Курир“ – Милован Бојиќ, директор на Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“.

Тој се надева дека успешната операција на Милош Шестиќ ќе ја подигне свеста кај српскиот народ, дека ќе ги остави во аманет органите и на тој начин ќе ја подигне свеста на нацијата за трансплантацијата.

– Шестиќ е наш долгогодишен пациент. Поради исцрпените опции за понатамошно лекување на неговото срце, единствено оптимално решение беше трансплантацијата. Среќни сме што успеавме во нашиот потфат и на Шестиќ пред пет дена му беше пресадено срцето. Како 68-годишен доби 65-годишно донорско срце. Тоа е сложен пациент и многу сложена процедура. Горд сум на тимот што го направи ова и го доведе до сосема извесен исход по пет дена – изјави Бојиќ.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Драконски казни за Партизан и Црвена звезда

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата