Лазаров: Пред ЕП 2026 ќе прифатев ваков исход, но заслуживме да сме во Топ 12

Од:

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, е задоволен од победата над Романија, иако смета дека можеше поубедливо од конечните 24:23.

„Црвено-жолтите“ ја забележаа првата победа на Европското првенство и останаа со теоретски шанси да ја поминат првата групна фаза, но сигурно си обезбедија место помеѓу носителите во баражот за Светското првенство 2027.

– Кога ќе сумираме се треба да бидеме задоволни од тоа што направивме во овие три натпревари. Игравме со многу силни противници. Малку ми е жал затоа што заслуживме да имаме поголемо водство по првото полувреме. Во второто полувреме се соочивме со проблем во ротацијата, тоа се одрази во нападот. Се надевав на победа со 3-4 гола, но надежта последна умира. Ќе навиваме Данска да победи убедливо. Сакавме да одиме во Топ 12, го заслуживме тоа. Да ми понудеа бод со Португалија и победа над Романија пред ЕП, искрено, ќе прифатев но ќе сакав повеќе – истакна Лазаров по вечерашниот натпревар со Романија.

Би можело да ве интересира

Данска е минато, ракометарите денеска одмораат, па утре со сите сили на Португалија

А1он

Лазаров: Горд сум на тимот, пласманот во финалето на Алкалоид е голем успех за целиот македонски ракомет

А1он