Еден од најдобрите хрватски и југословенски кошаркари на сите времиња Тони Кукоч е примен во Куќа на славните во која го внесе легендарниот Мајкл Џордан и негов соиграч од Чикаго Булс.
Кукоч влезе во Куќата на славните во осмиот обид, откако првпат беше номиниран од Чикаго Булс во 2014 година.
Кукоч со тоа стана петтиот Хрват кој доби свое место меѓу кошаркарските великани, по Крешимир Ќосиќ (1996), Дражен Петровиќ (2002) Мирко Новосел (2007) и Дино Раџа (2018).
-Со спорт почнав на осум години, пинг, пинг и фудбал, а на 15-годишна возраст со кошарка. Мојата кариера ја дефинираа два клуба – Југопластика и Чикаго. Во меѓународната кариера играв за две земји – Југославија и Хрватска. и имав големи успеси со нив. Играв со големи имиња во тие репрезентации, кои и самите се членови на Куќата на славни – меѓу кои покојниот Дражен Петровиќ, Дино Раџа и Владе Дивац. А играв и со уште некои големи имиња. Тука сакам да им се заблагодарам на Мајкл Џордан и на Скоти Пипен, кои ма „растурија“ на Олимписките игри 1992 и ме тераа да работам уште повеќе за да бидам важен член на Чикаго, изјави Кукоч на синоќешната церемонија.