Кошаркарките во борба за 2. место во групата против Германија

Од:

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва во Рамла, Израел го игра натпреварот од 3.коло од претквалификациите за Европското првенство 2015 година.

Противник ни е селекцијата на Германија. И двете репрезентации имаат по една победа (Португалија) и еден пораз (Израел), што значи директен дуел за 2.место во групата. Почетокот на натпреварот е во 19 часот и 45 минути.

Македонија синоќа беше поразена од домаќинот на групата Д, Израел со 72:56 и освен во првата четвртина која нашите кошаркарки ја добија со 19:14, другите им припаднаа на Израелките. Најефикасна во нашата селекција беше Американката со македонски пасош Криси Гивенс, која имаше 25 поени и 11 скокови.

Првото место и пласманот во следната фаза веќе го избори Израел со двете победи, без разлика на исходот од денешниот дуел со Португалија. Другите три репрезентации следната година повторно ќе играат во нов циклус квалификации.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска