Кошаркарките сместени во четвртиот шешир за ждребот за групите за ЕП 2021

Од:

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија е сместена во четвртиот шешир, заедно со Естонија, Бугарија, ФИнска, Албанија и Данска во квалификациите за Евробаскет 2021. Ждребот ќе се одржи в понеделник (22. јули) во Минхен.

Триесет и пет земји од Стариот континент пријавија интерес за учество во квалификациите, а пред неколку дена ФИБА одлучи довербата за организирање на настанот да им ја додели на Шпанија и на Франција кои ќе бидат изоставени од евроквалификацискиот циклус.

Првиот прозорец е предвиден за претстониот ноември (2019 година), вториот ќе се одигра идниот ноември (2020 година), а последниот ќе се одигра на почетокот на месец февруари во 2021 година.

Репрезентациите ќе бидат поделени во девет групи од кои шест ќе бидат составени од четири репрезентации, а три групи ќе имаат три репрезентации. Секоја репрезентација ќе одигра по два натпревара против останатите во групата, на домашен и на гостински терен.

Првопласираните репрезентации од секоја група како и петте најдобри второпласирани репрезентации ќе се квалификуваат на Европското првенство кое ќе се одигра во 2021 година.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска